ВИДЕО: Нејмар се врати со супер-гол, Бразил ремизираше со Колумбијците

Бразилската супер-ѕвезда Нејмар со гол се врати во репрезентацијата, откако заради повреда не настапи на Копа Америка. Во пријателски натпревар, игран во САД, „кариоките“ ремизираа со Колумбија, 2-2 (1-2), а Нејмар беше најдобар поединец на натпреварот.

Најнапред победникот на континенталниот собур поведе со голот на Касемиро во 19. минута. Сепак, момците на Карлос Кеироз реагираа и Луис Муриел од Аталанта со два гола (еден од игра и еден од пенал) целосно го сврте резултатот.

Нејмар се погрижи да ги врати работите на свое место, откако во 55. минута постигна прекрасен гол за израмнување. Најдобриот бразилски фудбалер креираше уште неколку шанси за гол, но ремито не се менуваше до крајот на средбата.

  • Бразил - Колумбија 2-2:

Во останатите пријателски натпревари на американско тло, Мексико ги совлада Соединетите Американки Држави со 0-3 (0-1) со головите на Чичарито, Гутиерез и Уриел. Ова беше реприза за момците на Мартино како и во финалето на „Голд Купот“ пред три месеци.

  • САД - Мексико 0-3:

Уругвај на Оскар Табарез славеше во Костарика со 1-2 со головите на Де Араскаета и Џонатан Родригез. 

  • Костарика - Уругвај 1-2: