Нејмар се враќа на терените, ќе игра за Бразил во мундијалските квалификации

Бразилската фудбалска ѕвезда, Нејмар, наскоро ќе се врати на терените и веројатно ќе настапи за својата репрезентација во ноемвриските квалификации за Светското првенство. 

Играчот на Ал-Хилал подогло време отсуствуваше поради повреда, по што се врати во тренинг-процес, но неговата кондициска форма уште не е на задоволително ниво. Селекторот Доривал Жуниор изјави дека Нејмар ќе биде на списокот за следните мечеви против Венецуела и Уругвај, но не е познато колку ќе може да му помогне на тимот. 

„Нејмар е во добар процес на рехаблитиација од тешкиот период. За овој собир не беше доволно подготвен, но ситуацијата ќе биде поинаква во ноември. Ако е во добра форма, сигурно ќе добие шанса во тимот“, изјави Доривал. 

Последниот натпревар Нејмар го одигра пред скоро единаесет месеци. Тешката повреда на коленото долго го оддалечи од терените, но навивачите се надеваат дека набргу повторно ќе имаат прилика да ги следат неговите мајстории.

Бразил најпрво ќе се соочи со Венецуела на 14 ноември, додека мечот против Уругвај на домашен терен е закажан за шест дена подоцна. „Кариоките“ во моментов се на четвртата позиција во мундијалските квалификации, со вкупно 16 бода на своето салдо.