ВИДЕО: Нејмар се разигра со Ленс, ПСЖ како лидер чека кикс на Лил

Екипата на Пари Сен Жермен дојде до победа над Ленс (2-1) во рамки на 35. коло од Лига 1 и повторно е на врвот, но чека кикс на директниот конкурент за титула, екипата на Лил.

  • Извештај од натпреварот:

„Светците“ со мислите беа кон реваншот во Лигата на шампионите против Манчестер Сити, но мораа да ја одработат оваа домашна задача затоа што титулата е императив за богатите газди на францускиот гигант. До посакуваните три бода, ПСЖ мораше без Килијан Мбапе, кој е повреден и не беше во протоколот на овој меч.

Трите бода ги донесоа бразилските фудбалери Нејмар и Маркињос. Првиот стрелаше во 33. минута по асистенција на Дракслер, додека вториот во листата на стрелците се запиша во 59. минута по асистенција на претходниот стрелец Нејмар. Утешниот гол за Ленс го даде Ганаго во 61. минута.

Вреди да се напомене дека ПСЖ пред финишот постигна и трет гол преку Мауро Икарди, но истиот беше поништен со ВАР поради офсајд. До крајот на Лига 1 има уште три кола.