Нејмар се повреди, ПСЖ стравува за својата ѕвезда

Пријателската средба меѓу Бразил и Нигаерија беше кобна за Нејмар. Првиот напаѓач на бразилската репрезентација се повреди и го заврши мечот по само 12 минути игра. Проблемот е левата нога, која го натера фудбалерот на ПСЖ веднаш да побара замена. Со оглед на искуството со повредите, тој не сакаше ништо да ризикува и не се обиде да остане во игра.

Останува да се види што ќе кажат докторските прегледи. Нејмар веднаш ќе се упати за Франција и најверојатно ќе ги пропушти следните неколку натпревари на својата екипа.

Францускиот првак ќе се соочи со Ница во домашното првенство, а потоа со Клуб Бриж во Лигата на шампионите.

Бразил пред неколку дена одигра 1-1 на тест натпревар против Сенегал, а денес игра против Нигерија.