Нејмар се посрамоти за сите пари: Славеше непостоечки гол (ВИДЕО)

Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар стана тема на потсмев по несекојдневен момент на натпреварот помеѓу Сантос и Интернасионал, одигран во рамките на 16. коло од бразилската Серија А.

Сантос беше поразен на домашен терен со 1-2, а мечот го одбележа грешката на Нејмар, кој по шут кон голот на гостите започна да слави погодок – кој всушност не се случи. По неговиот удар, голманот на Интернасионал, Серхио Роше, ја одби топката во стативата и ја фати веднаш на гол-линијата.

Нејмар, уверен дека постигнал гол, започна еуфорично да слави, дури го скрши и корнер знаменцето во еуфоријата. Но, брзо ја сфати грешката кога забележа дека ниту еден од неговите соиграчи не му се приклучи во славјето.

Натпреварот продолжи додека сбунетиот Нејмар гледаше во неверување, свесен за непријатната ситуација во која се најде.