Нејмар се огласи на социјалните мрежи, но не кажа ниту збор за повредата!

Бразил успешно го отвори Светското првенство во Катар и славеше рутинска победа над Србија, но навивачите се загрижени, откако Нејмар предвреме ја напушти средбата.Се работи за повреда на скочниот зглоб.

Нејмар го напушти натпреварот во 79. минута, а нешто подоцна камерите го уловија како плаче на клупата за резерви. Многумина мислеа дека се работи за сериозна повреда.

Малку подоцна, Нејмар се огласи на социјалните мрежи и покрај тоа што конкретно не ја спомна повредата. Според тонот на одговорите се чини дека сепак не е толку сериозна.

„Тежок натпревар, но важна победа. Честитки за тимот, го направивме првиот чекор, остануваат уште шест...“

Нејмар јасно посочи дека остануваат уште шест натпревари за неговиот тим да ја освои титулата. Бразил победи против Србија со 2-0, со двата гола на Ричарлисон, а особено впечатлив беше вториот кој го постигна со спектакуларни ножички.

Состави

Тите

4-1-4-1

    Драган Стојковиќ Пикси

    3-4-3