Нејмар: Сантос ме препороди, пак си најдов радост во фудбалот

Повратникот во редовите на Сантос, Нејмар, го искажа своето задоволство после првиот постигнал гол за бразилскиот клуб и најави дека неговата форма постепено ќе се враќа во нормала. 

Ѕвездата се врати во родната земја после неуспешниот престој во Саудиска Арабија и повторно заигра фудбал, нешто што го прави среќен и исполнет, а тоа го сподели и со своите фанови. 

„Сантос ме препороди, ми помогна повторно да најдам нова радост во фудбалот. Бев во аут повеќе од петстотини денови, тоа не е убаво за ниту еден фудбалер.

Физичката подготовка е нешто на што ќе работам дополнително, но полека ќе се враќам во форма. Им благодарам на сите прекрасни навивачи“, изјави Нејмар. 

Бразилецот постигна гол од пенал во победа од 3-1 над Агуа Санта, откако претходно ја изнуди најстрогата казна после еден дриблинг во шеснаесетникот.