Нејмар пресече: ПСЖ е најдоброто нешто во мојот живот

Фудбалерот на ПСЖ, Нејмар иако беше поврзуван со враќање во Барселона, па дури и трансфер во Реал Мадрид, индиректно како да најави останување на „Паркот на принцовите“. 

Крилниот играч изјави дека преодот во ПСЖ му бил најдобриот избор во кариерата. Тој проговори и за „кризниот“ период од летово, кога и беше поврзуван со други клубови.

„Трансферот во ПСЖ ми беше едно од најдобрите искуства во кариерата. Начинот на кој бев прифатен од фановите беше одличен. Според мене, нашата врска само се продлабочува. Сите знаат што се случуваше летово, но тоа е минато. Денес сум играч на ПСЖ и ќе дадам максимум за овој клуб“, започна Бразилецот. 

Според него тимот од Париз има големи шанси да направи успех и во Европа, нешто што не им одеше од рака минатите сезони. 

„Имаме одлични навивачи и немам ништо против нив. Напротив, имам големо почитување и наклонетост кон нив. Се надевам дека ќе продолжат да не поддржуваат, а со нивна помош можеме и до успех во Европа“, нагласи фудбалерот. 

Нејмар оваа сезона во дресот на ПСЖ запиша 11 првенствени настапи, постигнувајќи одлични девет погодоци.