Нејмар потпиша нов договор со Сантос, следува мисија Светско првенство!

Бразилскиот напаѓач Нејмар потпиша нов договор со Сантос, кој ќе важи до крајот на 2026 година. Ова ќе биде втора сезона на Нејмар во неговиот сакан клуб, каде што се врати од Ал-Хилал.

И покрај повредите, кои кулминираа со неодамнешна операција, Нејмар успеа да му помогне на тимот да преживее во елитниот бразилски фудбал.

По операцијата тој е заинтересиран сериозно да го предизвика Карло Анчелоти и да биде меѓу играчите што ќе патуваат за Светското првенство во Северна Америка.

И покрај тоа што не играше на високо ниво со години, како еден од симболите на новата генерација, реалноста е дека Нејмар би можел да патува и да има спорадична улога во тимот на „кариоките“. Но, за тоа ќе треба колку-толку да влезе во натпреварувачки ритам оваа пролет.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.