ВИДЕО: Нејмар, па ова не е фер – феноменална атракција во бразилски стил

Нејмар

ПСЖ врза трета победа во француското првенство и одново се искачи во горниот дел на табелата. Головите ги постигна Мауро Икарди во 9. и 63. минута, за рутински три бода на „принцевите“ против Ремс.

И покрај двата гола на Аргентинецот, моментот на натпреварот му припадна на Нејмар. Бразилецот игра во фантастична форма по рестартот на ланската и почетокот на новата сезона.

Ѕвездата на францускиот првак направи потег поради кој понекогаш ривалите го удираат, сметајќи дека со тоа тој се обидува да ги понижи.

Нејмар важи за еден од најдобрите и најпопуларните фудбалери на денешницата, кој од 2017 година игра во дресот на ПСЖ.