Нејмар носи нов Бразилец, Кутињо ќе го бара спасот во ПСЖ

Кутињо

Агентот на Филипе Кутињо веќе неколку месеци бара нов клуб за својот клиент.

Тоа го привлече вниманието на Нејмар кој започна да го убедува раководството на ПСЖ да испрати понуда за својот сонародник.

Бразилецот се пресели во Барселона за 160 милиони евра, но целосно разочара со своите настапи. Тоа му донесе тешки денови во каталонскиот дрес, па дури и чести свирежи од фановите.

Спасот би можел да го пронајде во Париз, доколку се одлучи за тој чекор. Таму би заиграл покрај Нејмар и уште неколку бразилски интернационалци со кои сигурно полесно ќе се адаптира во новата средина.

Во тековната сезона 26-годишникот од Рио де Жанеиро одигра 45 меча и постигна само осум гола.