Нејмар непрекинато плачел поради пропаднатиот трансфер во Барселона

Бразилскиот фудбалер Нејмар беше еден од најспоменуваните во летниот преоден рок, но, сепак, најмалку првиот дел од сезоната ќе го мине во Париз и ќе остане во ПСЖ.

Напаѓачот беше поврзуван со кам-бек во Барселона или евентуален премин во Реал Мадрид, но, сепак, не дојде до тоа. ПСЖ бараше превисока сума на пари, околу 200 милиони евра, а двата клуба не се согласија на такво нешто.

Барселона имаше понуда од 110 милиони евра плус тројца играчи, која ПСЖ ја гледаше како најинтересна, но трансферот пропадна затоа што еден од фудбалерите, во случајов Осман Дембеле, одби да замине од Барселона во Париз.

Поради пропаднатиот трансфер, Бразилецот бил премногу тажен. Во неколку наврати тој дури и плачел како мало дете, затоа што голема желба му била да се врати на „Камп Ноу“. 27-годишникот бил фрустриран, а бил подготвен дури да плати и 20 милиони евра од сопствен џеб, само да си замине.

Се поверојатно е дека Нејмар пак ќе се врати во Барселона, но од 2020 година.