ВИДЕО: Нејмар магично асистира, ПСЖ двојно го казни Баерн!

Пари Сен Жермен направи подвиг, даде два гола на гостувањето кај Баерн Минхен (0-2) и има сериозна предност во Лигата на шампионите.

„Светците“ на Почетино ги казнија сите промашувања на Баерн Минхен. Прво во листата на стрелците се запиша Килијан Мбапе по една контра, по асистенција на Нејмар, а откако Баерн пропушти неколку убави шанси благодарение на Кејлор Навас кој бранеше перфектно, втор гол даде Маркињос, по една магична асистенција повторно на Нејмар.

  • Голот на Мбапе против Баерн Минхен:
  • Голот на Маркињос против Баерн Минхен:

Хендикеп за ПСЖ на оваа средба е повредата на Маркињос, кој сигнализира дека не може да продолжи и беше заменет од Херера. Просторот во одбраната веднаш го искористи Чупо Мотинг, кој намали на 1-2.

  • Голот на Чупо Мотинг против ПСЖ:

Расположението на актерите во Минхен ветува уште многу голови во второто полувреме...