Нејмар лут на помладите соиграчи: Им недостига послушност, но не и зборови

Нејмар

Сосема неочекувано ПСЖ загуби уште еден трофеј оваа сезона. Во Купот на Франција во големото финале потклекна пред Рен, кој по пеналите се израдува на голем триумф над големиот фаворит.

Бразилецот Нејмар беше гневен по овој тежок пораз и додека имаше лутина во себе, јавно испрати критика до помладите соиграчи во соблекувалната.

„Гледам многу млади фудбалери на кои им недостига послушност, а не им недостигаат зборови. Мора повеќе да слушаат и помалку да зборуваат. Некогаш кога зборуваат искусните играчи, тие одговараат на непристоен начин. Тренерот зборува, а тие и него не му попуштаат. Тоа не е начин на кој што екипата ќе стигне далеку.

Ние поискусните мора да имаме повеќе контрола и да уживаме поголема почит и послушност. Така беше и јас кога ги правев моите први чекори во големите екипи...“ , рече ѕвездата на „принцевите“.

Напаѓачот имаше и скандалозен момент при искачувањето на трибините на патот до медалите. Направи инцидент и физички нападна еден навивач кој со провокации се обиде да му застане на патот.