• Мартин Танасковски
Иако заработува неверојатни 150 милиони евра годишно во саудиски Ал-Хилал, 32-годишниот Нејмар има намера да се врати во Сантос, клубот во кој ја започна својата играчка кариера
Бразилската фудбалска ѕвезда има намера тоа да го направи до крајот на зимскиот преоден рок, односно во јануари. Нејмар замина во Саудиска Арабија во летото 2023 година и потпиша двегодишен договор со Ал Хилал, според кој заработува 150 милиони евра годишно, шест пати повеќе отколку што заработуваше во ПСЖ. Сепак, поради повреди одигра само седум натпревари за година и пол.
Иако има уште половина година до истекот на договорот со клубот, Нејмар е многу блиску до враќање во татковината и саканиот Сантос каде почна да тренира на 11-годишна возраст. Имено, тренерот на Ал Хилал, Хорхе Жесус се помирил со фактот дека не може да смета на Нејмар, па изјавил дека нема ни да го пријави за пролетниот дел од сезоната во првенството на Саудиска Арабија.
Нејмар сега има две опции: или спогодбено да го раскине договорот со Ал Хилал и да се откаже од повеќе милиони, или да замине на позајмица во Сантос додека не му истече договорот со клубот од Ријад.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.




