• Горан Упале
Бразилскиот фудбалер Нејмар неодамна направи нова операција на коленото и веќе е во фаза на заздравување, но исто така потпиша и нов договор. Тој останува во Сантос, клуб на кој на крајот му помогна да обезбеди опстанок во Серија А, со договор до истекот на 2026 година.
Нејмар имаше чудно патување откако се врати во својот матичен клуб пред една година. Имаше седум повреди, пропушти многу натпревари и на крајот го повреди менискусот, но стисна заби и му помогна на тимот со голови и асистенции да забележи три победи и да избегне испаѓање.
Тие последни три недели доведоа до продолжување на соработката, особено откако Нејмар одлучи сериозно да се посвети на своето закрепнување. Тој го избра најдобриот експерт (Едуардо Сантос), бидејќи неговата цел е да игра константно во текот на пролетта и да му се наметне на Карло Анчелоти за Светското првенство во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико.
На тој начин бразилскиот ас ја одбра борбата за место на Светското првенство, отколку парите и славата кои што им се загарантирани во Европа, во случај да прифатеше една од многу понуди кои што ги имаше од стариот континент.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.


