• Мартин Танасковски

Бразилскиот фудбалер Нејмар се врати дома. Играчот е промовиран во Сантос каде ги направи првите фудбалски чекори.
32-годишниот Бразилец се врати дома од неуспешната авантура во Ал-Хилал каде заработи многу, но не се изнаигра заради повреди.
Нејмар се откажа од милиони, само за да се врати во Сантос. Доказ за тоа е што во бразилскиот клуб од детството ќе игра за 166.000 евра месечно, додека во Ал-Хилал заработуваше милиони.
Во редовите на Сантос, Нејмар ќе ја носи десетката.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.