Нејмар и Винициус се враќаат во составот на Бразил за тест-мечевите во САД

По освојувањето на Копа Америка, фудбалската селекција на Бразил на почетокот на септември повторно ќе се собере и ќе одигра две пријателски средби на територијата на САД.

„Кариоките“ ќе тестираат со Колумбија и Перу, а селекторот Тите веќе ги одреди фудбалерите со кои ќе замини на американско тло. Во селекцијата се враќа младата ѕвезда на Реал Мадрид, Винициус, како и најскапиот фудбалер на светот Нејмар, кои поради повреди не играа на собирот во Бразил. Во списокот го нема повредениот голман на Ливерпул, Алисон Бекер. 

Голмани: Едерсон (Манчестер Сити), Вевертон (Палмеирас) и Иван (Понте Прета).

Одбрана: Дани Алвеш (Сао Паоло), Фагнер (Коринтијанс), Алекс Сандро (Јувентус), Хорхе (Сантос), Маркињос и Тијаго Силва (ПСЖ), Милитао (Реал Мадрид) и Самир (Удинезе).

Среден ред: Касемиро (Реал Мадрид), Артур, Кутињо (Барселона), Алан (Наполи), Фабињо (Ливерпул), Лукас Пакети (Милан).

Напад: Бруно Eнрике (Фламенго), Давид Нерес (Ајакс), Фирмино (Ливерпул), Нејмар (ПСЖ), Ричарлисон (Евертон) и Винициус (Реал Мадрид).

Прв противник на Бразил ќе биде Колумбија, меч кој ќе се игра на 5 септември во Мајами, додека на 11 во Лос Анџелес ќе се сретне со Перу.