ВИДЕО: Нејмар и Меси диригираа, ПСЖ доминантно тргна во Франција

Екипата на Пари Сен Жермен ја оправда фаворитската улога и убедливо славеше над Клермон (0-5) во рамки на првото коло од француската Лига 1 каде е бранител на тронот. Ова е само доказ дека победата во Израел во Суперкупот против Нант не беше случајна и со Галтие на клупата „светците“ играат многу подобро, отколку со Почетино. 

  • Извештај од натпреварот: 

Воден од двете најголеми ѕвезди, Нејмар и Лионел Меси, францускиот гигант покажа дека е класа за тамошните противници. Доминантната победа ги израдува навивачите пред следните предизвици, посебно радува добрата форма на јужноамериканците во кои се гледа адути во обидот да се освои Лигата на шампионите.

ПСЖ си ја заврши работата на гостувањето уште во првото полувреме. Се играше 9. минута од мечот кога Меси изведе маестрална асистенција до Нејмар, а тој го отвори резултатот. Потоа, во 26. минута Нејмар беше асистент до Хакими за 0-2, а потоа Бразилецот повторно асистира, до Маркињос во 38. минута за 0-3. Во вториот дел два гола постигна Лео Меси, еден беше по асистенција на Нејмар, трета на мечот.

„Светците“ во следната рунда од Лига 1 ќе се соочат со Монпелје и ќе го имаат првиот натпревар на домашен терен. Клермон, пак, на кого му се предвидува битка за опстанок патува кај Ремс.

Состави

Pascal Gastien

3-4-3

    Кристоф Галтие

    3-4-3