ВИДЕО: Нејмар го даде најдоцниот гол на СП, па на колена прсна во плач!

Бразилската ѕвезда Нејмар конечно го скрши малерот и успеа да постигне гол на Мундијалот по безброј шанси. 

„Кариоките“ ја совладаа Костарика со 2-0, а Нејмар беше стрелец на вториот гол кој падна во 97. минута. Тој погоди по асистенција на Даглас Коста, а потоа го совладаа емоциите и на колена прсна во плач. 

Погодокот во Санкт Петербург на Нејмар е најдоцниот во продолженијата на историјата на Светските првенства.

За Нејмар ова беше 56 гол во дресот на Бразил, со што на вечната листа го престигна Ромарио. Лидер е Пеле, со 71 постигнат гол.