Нејмар е разочаран и ќе бара да замине од Париз?

Нејмар

Бразилецот Нејмар е погоден од зборовите на челниците на Пари Сен Жермен, кои индиректно го посочуваат како човекот поради кој тимскиот дух во екипата е на ниско ниво.

Изминатиот период донесе доста шпекулации околу кариерата на офанзивецот. Клубот размислува за иднина без него, но проблем ќе бидат неговиот долгогодишен договор и високата плата.

Челзи се споменува како потенцијална дестинација за бразилскиот ас. Лондонскиот тим наскоро ќе склучи договор со Рафиња од Лидс Јунајтед, а наводно е подготвен да го доведе и еден од најпопуларните фудбалери на денешницата.

Нејмар се пресели во ПСЖ пред пет години за рекордни 222 милиони евра. Со тоа се чини ја направи најголемата грешка во кариерата, ако се земат предвид успесите и учинокот на теренот, во однос на времето во Барселона.