ВИДЕО: Нејмар доби црвен картон, па тргна да се тепа со 20-годишниот Дјало

Нејмар Дјало

Нејмар имаше нов кошмарен настап во дресот на ПСЖ. Најголемата ѕвезда на тимот од француската престолнина направи глупост во финишот и одново предизвика гнев кај навивачите.

„Принцевите“ загубија значаен меч во борбата за титула во домашното првенство. Финишот донесе тензија и црвени картони на двете страни.

Едниот заврши на сметка на Бразилецот кој тргна физички да се пресметува со 20-годишниот Тиаго Дјало. На патот кон соблекувалните тие двајца имаа расправија, која за малку не премина во тепачка, благодарение на луѓето покрај нив.

Инцидентот во тунелот на „Паркот на принцевите“:

Шампионот ќе има работа до крајот на сезоната, ако сака да ја одбрани титулата во Лига 1.