ВИДЕО: Нејмар блесна и со два гола го спаси Сантос со најслабиот во Бразил

Бразилски Сантос успеа да избегне пораз на домашен терен против Чапекоенсе, откако одигра 2-2 во натпреварот од 20. коло на бразилското првенство, а ѕвезда на дуелот беше Нејмар со два гола.

Гостите водеа со 2-1 до самиот финиш на средбата, но Нејмар во завршницата реализираше пенал и му донесе вреден бод на својот тим, спречувајќи втор пораз од Шапекоенсе оваа сезона. Претходно, тој погоди од игра во 35. минута од првиот дел.

Освоениот бод му овозможи на Сантос да остане над зоната за испаѓање, но тренерот ќе биде без својата најголема ѕвезда во следното коло. Нејмар заработи петти жолт картон во шампионатот, поради што автоматски ќе мора да паузира еден натпревар.