ВИДЕО: Нејмар беше неутешлив и „се распадна“ по тешкиот пораз од Аргентина

Нејмар

Нејмар се надеваше дека конечно ќе го освои првиот голем трофеј со Бразил. Меѓутоа на патот му застана големиот пријател Лионел Меси и неговата Аргентина.

Бразилецот беше неутешлив во поразот на „Маракана“. Плачеше како мало дете, а многу од актерите на теренот направија обиди да го утешат.

Тоа го направи и Меси, кој многу добро знае како се чувствува неговиот поранешен соиграч од Барселона. 

Аргентинците ја освоија 15. титула во Копа Америка и се израмнија на врвот на листата најуспешни репрезентации со Уругвај.