Нејмар беше изнесен на носилки од теренот, а потоа се забавуваше до утринските часови

Нејмар

Бразилскиот фудбалер Нејмар заработи тешка повреда на ногата, поради која на носилки беше изнесен од теренот за време на мечот против Сент-Етјен.

Се очекува тој да паузира во наредните шест до осум недели. Прогнозите се дека ѕвездата на Пари Сен Жермен ќе се врати на крајот од јануари или почетокот на февруари.

По натпреварот бразилскиот ас се сретна со својот сонародник, пејачот Џотапе. Тие споделија неколку фотографии на социјалните мрежи од утринските часови, што значи дека нивната забава траеше долого во ноќта. 

Овој потег одново го прави Нејмар лесна мета за критичарите. Во минатото 29-годишникот беше осудуван поради животниот стил надвор од терените, но тој тврди дека тоа никогаш нема да го промени.