• Мартин Танасковски
Македонскиот фудбалер Нехар Садики си заминува од Русија и кариерата ќе ја продолжи во шампионатот на Босна и Херцеговина, каде ќе го носи дресот на Игман, потврден е трансферот од клубот.
Садики има 26 години, а последните шест месеци ги мина во СКА Хабаровск кој игра во второлигашкиот ранг на Русија. По пет одиграни натпревари играчот заминува и потпиша договор со Игман.
Нехар Садики претходно настапуваше за Борец, Ренова, Работнички, Еуромилк и Милано во Македонија, како и за Ерзени од Албанија и Хамрун од Малта.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.




