Нехар Садики ја напушта Русија и ќе игра во БиХ?

Македонскиот фудбалер Нехар Садики си заминува од Русија и кариерата ќе ја продолжи во шампионатот на Босна и Херцеговина, каде ќе го носи дресот на Игман, пишува босански „Спорт Спорт“.

Садики има 26 години, а последните шест месеци ги мина во СКА Хабаровск кој игра во второлигашкиот ранг на Русија. По пет одиграни натпревари играчот ќе си замине и ќе потпише договор со Игман.

Нехар Садики претходно настапуваше за Борец, Ренова, Работнички, Еуромилк и Милано во Македонија, како и за Ерзени од Албанија и Хамрун од Малта.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.