ФОТО: Неговиот тим победи и голманот беше херој, па во дрес замина по – пиво!

Дел од професионалните фудбалери, како и многумина луѓе на светот, во одреден момент посакуваат да се напијат ладно пиво. Викендов во Англија тоа се виде и на дело, по еден натпревар од Лига 1 (третата лига) меѓу Ексетер Сити и Порт Вејл. Гостинот победи минимално со 0-1, а најдобро оценет во тимот беше голманот Конор Рипли. 

Тој на стадионот „Сент Цејмс Парк“ во Ексетер веднаш по натпреварот реши да се упати на локалниот шанк и да си купи – пиво! Иако уште беше во дресот на Порт Вејл и во папучи, Рипли беше фотографиран зад шанкот каде што се продава пиво на стадионот. 

Фотографиите бргу се раширија на „островот“ и меѓу љубителите на фудбалот, меѓутоа и на пивото...