Неџипи е именуван за нов спортски директор на албански Кукс

Некогашниот македонски репрезентативец, Ндерим Неџипи и официјално е назначен за нов спортски директор на албанскиот прволигаш Кукс, каде ќе има задача да го врати тимот во врвот на албанскиот клупски фудбал. 

Кукс есенската полусезона ја заврши под очекувањата, по 16. одиграни кола се наоѓа на четвртата позицијата на табелата со 25 бода, дури 12 помалку од лидерот Скендербег

Поранешниот фудбалер на Шкупи, Шкендија и Работнички во својот прв говор како спортски директор, му се заблагодари на претседателот на Кукс Сафет Ѓиќи за пружената доверба.

„Сакам да му се заблагодарам на претседателот за пружената можност и доверба. Знам дека оваа функција носи голема одговорност, но јас сум подготвен за овој предизвик“, изјави Неџипи. 

Шампионатот на Албанија продолжува на 27 јануари, а Кукс својот прв овогодишен натпревар ќе го одигра на гости кај Влазнина.