Недостига само потпис, Ристовски уште две години во дресот на Спортинг

Eдинствениот македонски фудбалер во португалската Примеира, Стефан Ристовски и во иднина ќе го носи дресот на Спортинг Лисабон. Клубот од „Жозе Алвеладе“ уште пред пандемијата му понуди договор на десниот бек на македонската репрезентација, Стефан Ристовски.

Поранешниот фудбалер на Вардар уште две години ќе игра за поранешниот финалист на Лига Европа. Ристовски во клубот од Лисабон дојде во 2017 година од Риека, а досега во Спортинг го освои Купот и Лига Купот на Португалија. Португалските медиуми најавија дека продолжувањето на соработката е само формалност и Ристовски останува во Спортинг.

Стефан Ристовски ќе остане во Спортинг најмалку до 2022 година, со опција за уште една сезона. Нашиот фудбалер и соиграчите ќе се вратат во комплексот Алкочете на 15 јуни.

Пред прекинот заради пандемијата од ковид-19, Спортинг е четврти во португалското првенство, без шанси да се бори за титулата со Порто и Бенфика.