• Мартин Танасковски
Првата ѕвезда на Франција, Килијан Мбапе, тешко го поднел поразот во Сплит од Хрватска и направил недоличен потег за неговата фудбалска репутација.
Откако судијата означил крај, Мбапе се упатил кон тунелот. Тој не честитал на ниту еден хрватски фудбалер, па ни на неговиот клупски соиграч Лука Модриќ, додека останатите француски репрезентативци им подадале рака на победниците.
Севкупно, триколорите потфрлија и нивниот одговор се чека на реваншот в недела на стадионот „Франција“ во Сен Дени.