
Марсело Брозовиќ, фудбалерот на Интер, реагираше недолично на мечот против Кротоне (1-1) откако Лучиано Спалети го повлече од игра.
Хрватот беше повлечен во вториот дел и на негово место во игра влезе Јан Карамох. Од „Џузепе Меаца“ доби свирежи, а својата нервоза ја покажа на клупата, со недоличен потег. Почна да клоца шишиња и опрема, па дури и го удри еден од членовите на стручниот штаб на „нераѕурите“.
#InterCrotone gente di merda come questo non merita di indossare questa maglia... pic.twitter.com/QAgxpRYQqg
— AMBASCIATORE (@ambasciatore_9) February 3, 2018
Италијанската јавност остро го осуди неговиот потег, а останува да видиме дали Интер ќе го казни за несоодветното однесување. Брозовиќ беше на прагот да го напушти Интер во јануарскиот преоден рок и имаше понуди од Севиља и Евертон, но трансферот остана нереализиран.