Не знае за стоп: Тричковски ПЕТТИ меч по ред погоди за АЕК Ларнака (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалер Иван Тричковски игра блескава сезона на Кипар во дресот на АЕК Ларнака каде е лидер и капитен. Остана единствен Македонец во екипата и продолжи да тресе со стил.

Напаѓачот двапати погоди за АЕК Ларнака во дуелот против Аполон (1-3) и со тоа ја продолжи феноменалната серија. Уште во 4. минута Тричко го отвори мечот по една нафрлена топка и на петти натпревар по ред даде гол за кипарскиот колектив. Или, на сите натпревари кои досега се одиграа во лигата.

  • Првиот гол на Тричковски против Аполон:

Потоа, на стартот на второто полувреме една топка по мешаница во казнениот простор заврши до Тричковски и тој ја смести во празната мрежа. Сето тоа се случи во 52. минута.

  • Вториот гол на Иван Тричковски:

Иван Тричковски беше дел од составот на Македонија на Европското првенство (ЕП) кое се одигра оваа година, но реши да стави крај на репрезентативната кариера по големиот спортски настан, прв за нашата земја.