• Саше Љолес

Од натпревар во натпревар расте цената на Нико Паз. Аргентинецот пак покажа класа и погоди на гостувањето на Комо во Ленс.
Голот падна по уште една брза и добро организирана акција на Комо. Италијанскиот тим прикажува моќен фудбал во Франција.
Топката стигна до Паз во шеснаесетникот, по што тој вешто си ослободи простор и со прецизен удар со својата посилна лева нога од мртов агол ја испрати топката зад грбот на противничкиот голман, зголемувајќи ја предноста на својот тим на 0-3.





