„Не ве слушам“: Страшен погодок на Јамал против Реал Мадрид! (ВИДЕО)

Златното момче за 2024 година, Ламин Јамал, уште еднаш го покажа својот неверојатен потенцијал откако постигна страшен гол во мрежата на Реал Мадрид во финалето на Суперкупот на Шпанија кое се игра во Џеда, Саудиска Арабија.

Младиот талент на Барселона доби топка во празно, одлично ја исконтролира и ја измами одбраната, па со шут по земја од близина успеа да ја стресе мрежата на кралскиот клуб кој веќе имаше предност од претходно со првиот Класико гол на Мбапе.

По постигнатиот гол, Јамал прослави со гест дека „не ги слуша“ навивачите на Реал Мадрид.

Состави

Карло Анчелоти

4-2-3-1

    Ханси Флик

    4-3-3