„Не смеевме да го допреме ниту да му направиме лизгачки старт на Меси во Барса“

Францускиот дефанзивец кој во минатото беше дел од Барселона, Жан Клер Тодибо откри интересна приказна поврзана со Лионел Меси од времето кога беа соиграчи. Младиот дефанзивец беше во втор план во Каталонија, ама тренираше и работеше со аргентинската ѕвезда. 

Тој откри дека на тренинзите, тренерите не им дозволувале на дефанзивците да прават лизгачки стартови врз Лео Меси. 

„Во Барселона не ни дозволуваа да правиме лизгачки стартови врз Меси на тренинг. Можеби звучи лудо, ама тоа е точно. Моравме да внимаваме. Тоа беше нормално, Лео беше наш најдобар играч и не сакавме да биде повреден“, изјави Тодибо.

Тодибо своевремено се пресели од Тулуз во Барселона за еден милион евра. Беше позајмуван во Шалке, Бенфика и Ница, а францускиот клуб во јануари 2021 го откупи за 8.5 милиони евра.