• Сашо Поповски

Шкендија извлече позитивен резултат и непоразена се врати од гостувањето кај АИК во Шведска во првиот меч од третото коло од квалификациите за Конференциската лига.
Домашната екипа успеа да избегне пораз, но не е задоволна од одиграното, што по мечот го потврди дефанзивецот Сотириос Папајанопулос.
„Не сме задоволни. Дозволуваме премногу реализации, а потоа не користиме гол од нашите шанси. Морам да кажам дека сум разочаран. Завршуваме во тешка ситуација и се враќаме, но не го правиме она што треба“, рече грчкиот интернационалец.
Реваншот ќе се игра во Скопје наредната недела. Тетовчани се во добра позиција да извлечат позитивен исход од овој двомеч.