ВИДЕО: Не се сите фер како Ди Канио – Челзи даде гол иако противник лежеше на терен

Екипата на Челзи има рано во водство во градското дерби на гости кај Кристал Палас. „Сините“ домашната мрежа ја стресоа по само шест минути игра, но голот на Оливие Жиру крена многу прашина во англиската јавност.

Причината е поради фактот што во моментите кога траеше акцијата на Челзи, еден противнички фудбалер легна на тревникот и бараше помош. Но, ниту асистентот Вилијан, ниту пак стрелецот Жиру не се осмелија да ја стопираат акцијата, туку напротив се потрудија да ја искористат таа предност и да донесат водство на Челзи од 0-1. Интересно е тоа што повредениот играч кој веднаш беше заменет е Гери Кејхил, поранешен соиграч на Вилијан и Жиру и екс-капитен на Челзи. 

  • Неспортскиот момент од дуелот во Лондон: 

Овој потег на ѕвездите на Челзи сигурно ќе ги налути фудбалските фанови, а особено легендарниот Паоло Ди Канио кој пред повеќе од 15 години ги одушеви Англичаните и стана пример за фер-плеј. 

  • Фер-плеј потегот на Ди Канио: