„Не сакав да го прославам погодокот од почит за Андре Гомез“

Сон Гомез

Корејскиот напаѓач Хеунг-Мин Сон постигна два погодоци кои му помогнаа на Тотнехем да победи на гости кај Црвена Звезда.

Прославата ја искористи за да му оддаде почит на Андре Гомез, фудбалерот на Евертон, кој заработи скршеница на ногата во еден нивни меѓусебен дуел на „Гудисон Парк“.

„Не го прославив погодокот од почит кон Андре Гомес. Се надевам дека ќе се подобри и сè ќе оди добро со неговото заздравување.

Ова беа тешки денови за мене, многу луѓе ми испратија пораки за поддршка. Многу ми е жал за тоа што се случи, но решив да се концентрирам на тимот и да продолжам да работам. Тоа беше вистинската одлука и сите ме поддржаа. Сфатив колку сум среќен што ги имам овие навивачи, соиграчите и моите блиски пријатели
“ , рече напаѓачот на „петлите“.

Од Евертон најавија дека операцијата на Португалецот поминала во најдобар ред, а најголемите оптимисти во клубот најавија негов кам-бек до крајот на тековната сезона.