Не помогнаа ниту Трајковски и Перишиќ, Хајдук загуби од Динамо и во Купот

Фудбалерите на Хајдук одново беа немоќни во дуел со најголемиот ривал Динамо Загреб. По само четири дена од поразот во домашниот шампионат, вечерва „Пољуд“ повторно тагуваше, откако „модрите“ славеа победа и во Купот на Хрватска, вредна пласман во големото финале (0-1).

Трибините на сплитскиот стадион одново беа исполнети до последно место, атмосферата беше фантастична, а на Хајдук не му помогна ниту дебито на светската ѕвезда Иван Перишиќ, кој заедно со нашиот репрезентативец Александар Трајковски влезе во второто полувреме. На спротивната страна Стефан Ристовски повторно беше стартер, додека Адеми поради повреда не отпатува за Сплит.

Динамо до посакуваната победа по вторпат стигна со само еден постигнат гол. Овој пат херој на шампионот беше Кулановиќ, кој домашната мрежа ја стресе по само петнаесет минути игра. 

  • Извештај од натпреварот:

Гигантот од Загреб во големото финале во Купот на Хрватска ќе се судри со Ријека, која исто така со минимални 1-0 славеше над Локомотива.