Не помогна ниту Салах, Трабзон посрамотен во Унгарија и елиминиран во ЛЕ

Ференцварош продолжува со фантастичниот европски поход и обезбеди пласман во лигашката фаза на Лигата на Европа, откако убедливо го совлада Трабзон со 4-0.

По победата од 1-0 во првиот натпревар, унгарскиот тим и на реваншот беше доминантен и со вкупни 5-0 го елиминира турскиот претставник. Калум О'Дауда погоди во 9. минута, а во вториот дел следеа головите на Мариус Корбу (54'), Јусуф Бамиделе од пенал (59') и Кристијан Листеш (86').

Трабзон дополнително си ја отежна работата, бидејќи натпреварот го заврши со девет играчи по црвените картони на Руслан Малиновски и Лопес Кабрал.

Ференцварош во квалификациите одигра дури осум натпревари без ниту еден пораз, елиминирајќи ги Војводина, Твенте, Горњик и Трабзон на патот до Лига Европа. За Трабзон, пак, не помогна ниту Мохамед Салах, кој летово пристигна во турскиот гигант како големо засилување.