ВИДЕО: Не помага ниту Раниери, нов пораз на Рома во Серија А

Фудбалерите на Рома го запишаа и четвртиот пораз во низа во Серија А. Откако пред две кола отказ доби хрватскиот стратег Иван Јуриќ, на римскиот гигант, барем досега, не му помага ниту ангажирањето на стариот лисец – Клаудио Раниери.

Некогашниот шампион со Лестер Сити во Премиер лигата вечерва го запиша вториот пораз од вториот натпревар на клупата на „волчицата“. Рома на својот „Олимпико“ одново потфрли во домашното првенство и од Аталанта загуби со 0-2 (0-0).

  • Извештај од натпреварот:

Во првото полувреме се играше израмнето, со неколку мини-блесоци на гостите, додека во вториот дел освојувачот на Лига Европа имаше целосна контрола на теренот и тоа резултираше со два гола во домашната мрежа. Резултатот го отвори Мартин де Рон во 69. минута, а на една минута пред истекот на регуларните деведесет, Николо Заниоло ги постави конечните 0-2.

Со овој пораз Рома останува на 13. позиција на табелата со само 13 бода, додека Аталанта се зацврсти на второто место со само еден бод помалку од лидерот Наполи. 

Состави

Клаудио Раниери

3-4-2-1

    Џанпјеро Гасперини

    3-4-2-1