Не очекувајте голеада на регионалното дерби на Примера

Терминот во недела од 16:00 часот е резервиран за регионалната дерби пресметка на клубовите чии стадиони се оддалечени само 56 километри, Виљареал и Валенсија. „Жолтата подморница“ ова лето сериозно се засили баш на „Местаља“. Од двајцата играчи за врска кои стигнаа во Виљареал, Франсис Коклан поради повреда нема да биде во конкуренција за тимот, но Дани Парехо би требало да заигра против клубот во кој со години ја носеше капитенската лента.

Составот на Унаи Емери на стартот од сезоната успеа со шест постигнати погодоци да се избори за четврта позиција на табелата со скор од две победи, две ремија и еден пораз. На последната средба успеа да извлече бод на гости против Атлетико Мадрид во дуелот на кој мрежите не се тресеа.

Квотите од натпреварот Виљареал - Валенсија

Избраниците на Хави Гарсија имаат бод помалку од претстојниот противник, а увертира за регионалното дерби им е поразот 2-0 од Бетис на „Местаља“. 

Последните години овие ривали се среќаваа и надвор од шпанската Примера – претходните два дуели донесоа по една победа за двете екипи, пред тоа во април 2019 година одиграа двомеч во четвртфиналето од Лигата на Европа, а Валенсија запиша две победи, 3-1 и 2-0. Виљареал во претходните пет меѓусебни дуели може да се пофали само со еден триумф, додека Валенсија славеше четири пати.

Квотите од останатите натпревари во Примера

Гостите по пет рунди имаат гол-разлика 7-7, додека домаќините имаат ист број на примени, но гол помалку во мрежата на ривалите. Тоа е детаљ кој најавува дека нема да гледаме претерано ефикасен дуел.