• Горан Упале
Со капитенската лента околу раката, Лука Модриќ уште еднаш ја предводеше хрватската фудбалска репрезентација до голем успех на еден планетарен собир. По сребрениот медал во Русија, „ватрените“ ја освоија бронзата во Катар и уште еднаш ги одушевија сите фудбалски фанови.
Стивен Еустакио, канадскиот фудбалски репрезентативец кој во групната фаза од натпреварувањето играше против Хрватите, имаше само пофални зборови за Модриќ, но и за хрватскиот среден ред.
Тој беше прашан како е да се игра против Кевин де Брујне и Модриќ, а канадскиот фудбалер јасно стави до знаење кој е подобар играч.
„Играв против Де Брујне, но трчав зад Модриќ. Не можев да играм против него, лудо е како тој ја диктира играта, начинот на кој контролира сè. Потоа зад себе има луѓе како Ковачиќ и Брозовиќ.
Тоа беше лекција за мене. Беше повеќе учење за мене, отколку играње против нив. Ако имаат добар ден, невозможно е да ги контролирате“, заклучи Еустакио.
На тој натпревар, кој се одигра во рамките од групната фаза, Хрватска извојува убедлива победа од 4-1.