• Мартин Танасковски

Ајакс одигра катастрофално прво полувреме против Феенорд во кое прими три гола, а навивачите на домашниот тим поради незадоволство решија да направат испади и да го прекинат дуелот.
Гостинот од Ротердам играше моќно и го „газеше“ Ајакс на теренот во секој сегмент. Ако „копјаниците“ беа најдобар тим во Холандија во изминатите години, оваа не е така, евидентно е дека повеќе имиња си заминаа од тимот, а не се добија соодветни замени.
На стартот на второто полувреме, Ајакс не покажа ништо подобра игра, па затоа домашните навивачи со факли и со пиротехника го прекинаа натпреварот.
Дуелот Ајакс - Феенорд официјално е прекинат, а за судбината на исходот ќе се одлучува веројатно на зелена маса.