ВИДЕО: Не може попрецизно - Менсах од Кајзериспор се доближи до перфекција!

Во неверојатен финиш, Фенербахче за две минути постигна два гола, еден од пенал (Муриќи) и едне од игра (Луис Густаво) и пораз претвори во победа. Имено, Кајзериспор на Роберт Просинечки водеше со 0-1 со хирушки добро изведениот слободен удар на Менсах.

Ова ремек-дело е со сигурност потегот на натпреварот и вистинска штета е што не донесе бод(ови) за екипата на Роберт Просинечки.

  • Голот на Менсах против Фенербахче: 

По овој пораз, Кајзериспор останува последнопласиран со 22 бода и нема да биде лесно да опстане во лигата.