• Иван Димовски
Дербито на 13. коло во јужноамериканските квалификации за Светското првенство меѓу Уругвај и Аргентина (0-1) во Монтевидео понудија слика која често се гледа на ова поднебје. Имено, во последните секунди од натпреварот црвен картон заработи Нико Гонзалез.
Резервистот на Аргентинците беше многу невнимателен, непотребно високо ја крена ногата во обид да дојде до топка и го удри Нахитан Нандез во лицето. Судијата Бенитез без размислување му покажа црвен картон на Гонзалез, кој пак се обиде да сигнализира дека ништо не направил.
- Стартот на Гонзалез врз Нандез:
Овој црвен картон значи дека селекторот Лионел Скалони за следното дерби со Бразил остана без уште една офанзивна опција. Гонзалез веројатно ќе добие два меча суспензија.