Не може да купува, но може да продолжува договори: Лофтус-Чик до 2024 на „Стемфорд Бриџ“

По само неколку дена од официјализацијата на Френк Лампард за нов менаџер, екипата на Челзи се реши да го продолжи договорот со младиот англиски репрезентативец, Рубен Лофтус-Чик. 

23-годишниот офанзивец, иако имаше сериозни проблеми со повредите во минатата сезона, пружената шанса за докажување одлично ја искористи, со што ги натера челните лица на „сините“ да размислуваат за нова соработка. 

„Среќен сум што клубот верува во мене. Ова е местото каде научив да играм фудбал, се надевам дека уште долго време ќе го носам овој дрес“, рече англискиот фудбалер. 

Лофтус-Чик се обврза на договор до 2024 година, а доколку ги надмине проблемите со повредите од него се очекува да биде носител на играта на „сините“ во наредните сезони.