Не може крај без циркуз: Два меча во ВМФЛ не се одиграа

Натпреварите во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) го доживеаја својот крај, но во последното коло, на два терени немаше фудбал.

Две средби во двете лиги ВМФЛ-Исток и Запад, не го доживеаја својот старт. Засега, не се познати точните причини, но на терените на Гоблен и на Партизан Обршани немаше две екипи.

Гобен Јуниор требаше да биде домаќин на Гостивар, но дуелот не започна, а слична беше ситуацијата и со натпреварот меѓу Партизан Обршани и Брегалница. Од Штип велат дека тие како гости уредно допатувале, чекале половина час, меѓутоа противникот не се појавил.

Од второлигашите, директен влез во ПМФЛ обезбедија Борец и Струга Трим Љум, додека бараж за ПМФЛ ќе играат Лабуништа и Тиквеш.