• Иван Димовски
Страста за фудбалот во Јужна Америка е навистина нешто невидено. Од самите натпревари, до сите други детали поврзани со овој спорт се доказ за фанатизмот кој владее на ова поднебје.
Уште една луда приказна доаѓа од Чиле, земја која не игра на Светското првенство. И покрај тоа, на стадионот „Бичентарио де Ла Флорида“ во градот Сантијаго се собраа преку 8.000 луѓе.
На договорен и организиран настан илјадници колекционери дојдоа на размена со сликички од албумот на „Панини“ посветен на Мундијалот.





